
Вработените во метрото во Сао Паоло се заканија дека ќе го обноват штрајкот доколку управата не им ги зголеми платите до стартот на Светското првенство ( 12 јуни – 13 јули) во Бразил.
Шампионатот ќе биде отворен токлму во Сао Паоло , а првиот натпревар ќе го одиграат репрезентациите на Бразил и Хрватска.
Вработените бараат покачување на палтите од 16,5 проценти, а доколку не им биде исполнето ова барање најавија дека повторно ќе почнат да штрајкуваат и нема да запрат се додека не им бидат покачени платите