
Градоначалникот на општина Прилеп, Марјан Ристески, денеска оствари средба со наградените ученици на државни и меѓународни натпревари од основните училишта од градот Прилеп. На средбата градоначалникот Ристески им посака на учениците уште многу успеси во полето на образованието, порачувајќи притоа дека секој постигнат резултат е добра промоција на училиштата во кои се едуцираат, а воедно и на општина Прилеп,соопштија од кабинетот на градоначаникот Ристески.