
На претходниот Мундијал во Јужна Африка, октоподот Пол се покажа како одличен прогнозер, а сега, во Бразил, таа улога и е доделена на желката Кабекао која е жител на познатата Золошка градина во Праи до Форте.
Желката Кабекао прогнозираше дека премиерниот натпревар на Светското првенство, дуелот помеѓу репрезентациите на Бразил и Хрватска ќе заврши со триумф на домаќинот.
Дали е добар прогнозер ќе дознаеме веќе утре, кога во 22:00 часот ќе стартува првиот официјален натпревар на фудбалскиот Мундијал во Бразил.