
Ирачкиот парламент го одложи воведувањето на вонредна состојба бидејќи немало доволно кворум. За носење на оваа одлука е потребно двотретинско мнозинство. Воведувањето на вонредна состојба се разгледува бидејќи изминатите неколку дена радикалните исламисти зазедоа неколку клучни градови и се приближија до Багдад.
Екстремистите синоќа го зазедоа и градот Тикрит, родното место на покојниот претседател Садам Хусеин. Тоа е втор голем град кој падна во рацете на екстремистите, по Мосул, кој е втор најголем град по големина во Ирак.
Исламската држава Ирак и Левант е една од најсилните бунтовнички групи во Ирак, а делува и во Либан и Сирија. Оваа сунитска група е поврзана со Ал Каеда и има повеќе од 10 илјади борци. Настанала во 2003 година по американската инвазија.
Таа сака да створи исламска држава во Ирак и во Левант, што и е заеднички назив за земјите кои лежат на брегот на Медитеранот- Турција, Сирија, Либан, Израел, Јордан и Египет.