Марадона: Победа над Бразил е исто што и оргазам

Легендарниот репрезентативец на Аргентина, Диего Армандо Марадона на најоригинален може начин објасни какво е чуството да се победи најголемиот ривал, репрезентацијата на Бразил.

„Се надевам, ќе бидам пресреќен ако мојата репрезентација, репрезентацијата на Аргентина обезбеди пласман во финалниот натпревар и потоа ја освои светската титула. Финалниот натпревар, светската титула е единствената зацртана цел за Аргентина. Кој не би посакал финален натпревар помеѓу репрезентациите на Аргентина и Бразил? И јас сакам таков дуел. Да се победи Бразил во финалниот натпревар, да се победи Бразил на негов терен, пред верните фанови е како да доживееш оргазам”, изјави Марадона.