
Министрите за финансии на Македонија, Србија, Црна Гора, Словенија, Босна и Херцеговина, Република Српска, Хрватска, Албанија и Косово, во петок во Бечичи, Црна Гора ќе се состанат на самит под насловот „Финансиска иднина на регионот“.
Министрите на самитот ќе разговараат за глобалното влијание на движењето на јавните финансии во регионот. Ќе се разговара и за монетарната политика и системските ризици во банкарскиот сектор.
На учесниците на самитот, економските перспективи во регионот ќе им ги предложи главниот економист на Европската банка за обнова и развој, Ерик Берголф.