
Времето во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.
Утринската температура ќе се движи од девет до 17 Целзијусови степени, а дневната од 27 до 33 Целзијусови степени.
Во Скопје слично време, сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Утринската температура ќе се спушти до 16 Целзијусови степени, а дневната ќе се искачи до 32 Целзијусови степени.
Вредноста на УВ-индексот ќе изнесува 7.
Слично време ќе има и утре, додека во деновите од викендот и во понеделник во попладневните часови ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Температурата ќе има тенденција на благо опаѓање.