
Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, денеска ќе го додели признанието „Инженерски прстен 2014“ на најдобрите дипломирани студенти коишто ги негуваат инжинерските дисциплини.
Традиционалната манифестација „Инженерски прстен“ која е во организација на Инженерската институција на Македонија, а под покровителство на претседателот Ѓорге Иванов претставува поттик за изучување на инженерството и придонес за формирање на квалитетен инженерски подмладок, компатибилен со развиените земји.