
Стопанска делегација од 15 турски компании од Асоцијацијата на независни индустријалци и бизнисмени (МУСАИД) од денеска престојува во посета на Македонија.
Целта е воспоставување деловни контакти со македонски компании од различни стопански дејности.
Според најавите, за време на посетата на турската делегација, во организација на Стопанската комора на Македонија, ќе се одржи македонско-турски бизнис форум.
Планирани се и билатерални разговори помеѓу компании од секторите градежништво и градежни материјали, текстил, млеко и прехрана, туризам, трговија.
МИА