ОНЕ го отвори реновираниот салон во Охрид

Телекомуникацискиот оператор ОНЕ синоќа во Охрид го отвори новиот реновиран салон. Салонот во Охрид има комплетно нов и модерен изглед, а ентериерно решение на салонот, како и на сите претходни, е во согласност со имиџот и брендот на компанијата и претставува модерен и урбан простор кој овозможува поблиска комуникација на персоналот со клиентите.

Модернизацијата на продажниот салон на ОНЕ во Охрид е направена во пресрет на летната сезона за која ОНЕ најавува и бројни активности.

“Поводот за денешниот настан е отворањето на обновениот продажен салон во Охрид, но и најава на уште едно охридско лето во знакот на ОНЕ и ЏаБест. За мене лично, Охрид е едно од најубавите летувалишта во регионот, но и атрактивна туристичка дестинација и поради богатата програма со култури и забавни содржини. Традиционално и годинава, ОНЕ е спонзор на Green Beach Festival кој ќе се случува на 1 август, а како генерален спонзор на најголемата македонска музичка ѕвезда, ОНЕ најавува два незаборавни концерти на Каролина Гочева на 24 и 26 јули. Годинава, како и претходните, ќе бидеме присутни и на плажите Куба Либре и Оревче, за каде се предвидени и бројни настани и забавни содржини”, изјави Цирил Кафол, Генерален извршен директор на ОНЕ.

Салонот на ОНЕ во Охрид е уште еден во низата комплетно реновирани, а до крајот на годинава предвидено е да бидат реновирани вкупно 15 продавници. На свеченото отворање на салонот, посетителите кои направија сметка добија пригодни подароци од ОНЕ.