
Под мотото „Дарувај крв за оние кои даруваат живот“ денеска во Дневниот центар за дарување крв „Даре Џамбаз“ ќе биде одбележан 14 Јуни- Светскиот ден на крводарителството.
Со активностите за дарување крв Црвениот крст на Република Македонија се вклучува во глобалната кампања за промоција и унапредување на крводарителството.
На настанот ќе присуствуваат крводарители, како и претставници од Институтот за трансфузиона медицина, канцеларијата на Светската здравствена организација Скопје, Агенцијата за млади и спорт.