
Вечерва Месечината привидно ќе се доближи до планетата Сатурн. Глетката на небото ќе биде прекрасна, бидејќи Месечината е во висока мена (осветлена е 93 отсто).
Месечината и Сатурн побарајте ги на југ, по заоѓањето на Сонцето, а друштво ќе им прави и ѕвездата наречена „Срце на Шкорпијата“.
Во реалноста, Месечината и Сатурн се оддалечени речиси милијарда ипол километри.