
Не само што ја оправдаа фаворитската улога, репрезентативците на Колумбија со убедливи 3:0 го торпедираа очајниот тим на Грција и ги запишаа првите три бода на своето конто.
Колумбија дојде до посакуваното водство веќе во 5 минута, со погодокот на Пабло Амеро, а во 58 минута, во листата на стрелци се запиша и Теофило Гутиерез. Во судиското продолжение прекрасен погодок постигна и најдобриот фудбалер на натпреварот, крилниот напаѓач, Џејмс Родригез.