
Вториот натпревар од групата “Ц”, дуелот помеѓу репрезентациите на Јапонија и Брегот на Слоновата Коска, заврши со минимален триумф на претставникот на Африка од 2:1.
Првиот погодок на натпреварот, постигнат во 12 минута беше дело на одличниот играч за врска на Милан, Кеисуке Хонда, а во 64 минута, на 1:1 израмни брзоногиот напаѓач на Свонси, Вилфред Бони.
Само две минути подоцна, во листата на стрелци се запиша и крилниот напаѓач на Рома, Жервињо.
Колумбија и Брегот на Слоновата Коска ја делат првата позиција во групата “Ц” со по три освоени бода, а без бодови се репрезентациите на Јапонија и Грција.