Шакири најголема опасност пред голот на Еквадор

Рововска борба за секоја топка се очекува и на вториот натпревар од групата “Е”, дуелот помеѓу репрезентациите на Швајцарија и Еквадор.
Според квалитетот со кој располагаат двата селектора, за нијанса поголеми шанси за успех има предводникот на Швајцарија, Отмар Хицфилд, кој на располагање ги има услугите на искусните играчи за врска, Блерин Џемаили, Ваљон Бехрами и Гокан Инлер, а убедливо, најголема опасност пред голот на Еквадор ќе биде крилниот напаѓач на Баерн (М), Џердан Шакири.

„Со нетрпение го очекуваме стартот на дуелот против Еквадор. Играме против многу силен тим, тим кој не е составен од еден добар игра, каков што е Антонио Валенсија и Филипе Каседо.Многу се опасни во контра нападите. Имаат многу брзи крилни напаѓачи и искусни дефанзивци. За да го добиеме овој натпревар, ние мора да одиграме совршено во сите 90 минути”, изјави селекторот на швајцарија, Отмар Хицфилд.

Дуелот помеѓу Швајцарија и Еквадор стартува во 21:00 часот.