
Џон Кери, државниот секретар на САД изјави дека Вашингон размислува да и помогне на ирачката влада во борбата со исламистите преку воздушни напади, но и за тоа дека се отворени за разговори со соседен Иран.
Првиот човек на Стејт департментот истакна дека САД се отворени за разговори со Техеран, со што би и се помогнало на шиитско-ирачката влада во борбата против сунитските бунтовници.
Овие изјави пристигнаа по заземањето на Тал Афар, третиот град во Ирак од страна на Исламската држава Ирак и Левант.