
Кривична пријава за полицаецот кој пукаше во свој колега.
Триесет и петгодишниот Г.С. на 13 – ти овој месец во полициската станица во Тетово при проверка на огнено оружје-автоматска пушка испукал кон полицискиот службеник Ж.Ј.(51) исто така од Тетово, на кого му нанел прострелни рани во пределот на абдоменот. Повредениот поради сериозноста на повредите од Клиничката болница Тетово е пренесен во Ургентен центар Скопје, каде ден потоа им подлегнал на повредитe.
На пријавениот му е одредена мерка притвор во траење од 15 дена.