
Во мултимедијалниот културен центар „Матица екслузив“ на 18 јуни ( среда) во 12 часот ќе биде промовирана книгата „Двонасочна релација: театар – публика видени преку Народниот театар од Штип“ од Трајче Кацаров.
За најново дело на познатиот поет, раскажувач, драмски писател и теоретичар во издание на „Матица македонска“ ќе говорат Братислав Димитров , Мишел Павловски и Страшо Милошевски.
Трајче Кацаров е автор на дваесетина поетски, прозни, драмски и критичко-есеистички дела, за кои е добитник на високи книжевни признанија, меѓу кои и на „ Рациновото признание“ и „Григор Прличев“ за најдобра поема.