
Повеќе од 45 лица се убиени во синоќешниот напад на тероистичката група, веројатно Ал Шабаб во Мпекетони, Кенија, соопшти Црвениот крст.
Ова е новиот биланс на жртви кои се пронајдени, откако утрово кенијаската полиција информира дека 27 се мртви, 25 повредени, но и дека има и такви кои се водат за исчезнати.
Од полицијата додаваат дека и оваа бројка не е конечна.
Нападот се случи синоќа кога дваесетина терористи извршија напад врз два хотели, полициска станица и банка.