Сан Антонио е нов шампион во НБА

Кошаркарите на Сан Антонио Спарс е новиот шампион во НБА лига, откако во петтиот натпревар го совлада бранителот на титулата Мајами со 104:87, и со 4:1 во победи стигна до титулата.

За тренерот Грег Попович и за Тим Данкан ова е петта титула, а за Тони Паркер и Ману Џинобили четврта во тексашкиот клуб, кој на тој начин се израмни со Лејкерси како најуспешна екипа во овој век со по четири трофеи. Тие се прв тим кој до трофејот стигна со 9 играчи родени надвор од САД.

Каваи Ленард повторно доминираше кај Спарси со 22 поени, 10 скока, иако имаше и проблеми со прекршоците па ја напушти играта на неколку минути пред крајот кога победникот веќе беше решен.

Ленард во финалната серија брилјираше и беше убедливо најдобриот играч во третиот и четвртиот меч на кои Спарси со победите на гости и одлучија околу титулата.

Ленард за две недели полни 23 години, а во историјата на НБА само двајца кошаркари (Меџик Џонсон и Тим Данкан) беа помлади од него кога ја добија наградата „Бил Расел“.

Исто така, тој е само шести играч во историјата на НБА (прв по Чонси Билапс пред полна деценија), кој стана МВП на финалето во сезона во која не играше на „Ол стар“ натпреварот.