
Поинтензивни врнежи на дожд помешани со град и засилен ветер се очекува утре и во четврток, соопштиваат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХРМ).
До петок не очекува слично време како и досега. Во текот на денот променливо облачно и врнежливо време, а во попладневните часови интензивни врнежи на дожд помешани со град и грмежи во северните и источните делови на Македонија.
„Во сабота не очекува стабилизација, освен во западниот дел на Македонија каде не очекува локален дожд, а од недела веќе ќе имаме стабилно време. Температурата ќе се движи од 24 до 30 степени, а во петок, температурата ќе биде пониска за некој степен“, вели Костадинка Арсова, синоптичар во УХРМ.