
На Универзитетската клиника за детски болести денеска беше предадена во употреба донација од Амбасадата на Република Чешка, реализирана преку невладината организација ЛинкАкрос. Вредноста на донацијата која е наменета за Ургентниот центар е 111.475 денари.
Се работи за продолжување на проектот за изградба на Ургентниот центар.
Донацијата се состои од: еден пулсоксиметар, два вакум централни аспиратори, три инхалатори, еден јонизатор/озонатор прочистувач и две ампули за нивелизација.
Клиниката за Детски болести е неизмерно благодарна за поддршката и помошта која ЛинкАкрос и Чешката амбасада ја даваат во реновирањето на Клиниката и создавање на подобри услови за лекување на најмаладите пациенти.