ЕУ и исплати 500 милиони евра помош на Украина

ЕУ и исплати 500 милиони евра на Украина, што е прва транша од заемот од новата програма за макро-финансиска помош за поранешната советска република.

Ова ја следи исплатата на 100 милиони евра што официјален Брисел ја спроведе на 20 мај.

Целта на двете МФА програми е економска и финансиска поддршка на Украина во тековната критична фаза од својот развој. Оли Рен, потпретседател на Европската комисија за економски и монетарни прашања и еврото, истакна дека Европската унија обезбедува основна поддршка за напорите на Украина да се справи со своите големи економски предизвици и дека денешната исплата е конкретен знак за натамошна европска солидарност кон луѓето од Украина.

Покрај денешната исплата, последователните плаќања ќе бидат условени со спроведување на конкретни активности на украинската економска политика. Тие се опфатени во два меморандуми за разбирање што беа потпишани од страна на Европската комисија и украинските власти во 2013 и 2014 година.