
Најголемата ѕвезда во репрезентативниот дрес на Аргентина, Лионел Меси изјави дека ќе биде пресреќен ако во новата клупска сезона соработува со моментално најголемата ѕвезда во дресот на италијанскиот калчолигаш Наполи, Гонзало Игуаин.
Шпанските медиуми во изминатите неколку дена ја форсираат приказната дека каталонскиот гигант подготвува официјална понуда за аргентинскиот интернационалец од редовите на Наполи и истата нема да биде помала од 45 милиони евра.
„Ќе бидам многу среќен доколку Игуаин во новата сезона го носи дресот на Барселона. Ќе добиеме на квалитет, ќе имаме уште подобар, поопасен тим. Сепак, во овој момент, јас, Игуаин, моите колеги, сите сме фокусирани на Мундијалот во Бразил. Важно е да мислиме од натпревар за натпревар. Иран е следниот противник на Аргентина. Тим кој игра дефанзивно, кој се брани длабоко на својата половина. Многу е важно да ги добиеме следите два натпревара”, изјави Меси.