
Од утре жителите на општина Центар ќе можат да пријавуваат проблеми со бучава, загадување и хигиена.
Од општината информираат дека граѓаните може да се јавуваат секој работен ден од 8 до 16 часот на телефонските броеви: 3203 614, 3203 697 и 3203 677.
Инспекторите од општина Центар по пријавувањето на проблемот, ќе излезат на лице место да ја утврдат состојбата и да ги преземат неопходните чекори.