Сензационалната информација дека искусниот играч за врска од редовите на каталонскиот гигант Барселона, Чави Хернандез, во следните три сезони ќе го носи дресот на катарскиот клуб Ал Араби, ја потврди и тренерот на катарскиот клуб, романскиот стручњак, Дан Петреску.
„Чави потпиша преддоговор со нашиот клуб. Иако имаше понуди и од неколку други клубови од Катар, раководството на нашиот клуб даде понуда која успеа да го убеди да ни се придружи“, изјави Дан Петреску.
Шпанските медиуми ја открија и информацијата дека сега веќе поранешниот фудбалер на Барселона во следните три сезони ќе има годишна плата од 8 мил. долари.