Две смртни казни извршени во САД по паузата од април

Две смртни казни се извршени во две сојузни американски држави по паузата од април кога во Оклахома дојде до проблеми со смртоносната инјекција, поради која осуденикот умираше над 40 минути, наместо десет.

Егзекуциите се извршени во Џорџија и Мисури и двете со  смртоносни инјекции.

Сојузните американски држави, во кои се спроведуваат смртни казни соочени се со криза поради недостиг на лекови за смртоносната инјекција, бидејќи снабдувачите од Европа ја стопираа испораката на анестетикот пентобарбитол, кој се користи за егзекуција.