Камерон: Ирачките џихадисти планираат да ја нападнат Велика Британија

Сунитските џихадисти, кои од минатата недела почнаа офанзива во северен Ирак, планираат да ја нападнат Велика Британија, изјави британскиот премиер Дејвид Камерон.

„Не се согласувам со оние кои сметаат дека тоа нема ништо заедничко со нас и дека ако тие сакаат да воспостават некаков вид ултраисламистички режим во Ирак, тоа нема да не засегне“ – посочи Камерон пред Парламентот.

Тој наведе дека „џихадистите кои планираат да заземат територија ќе ги нападнат Британците и дома, во Обединетото Кралство“.