Ковач: Модриќ 100% подготвен за дуелот против Камерун

Најверните фанови на Хрватска повторно мирно дишат откако предводникот на “коцкастите”, Нико Ковач и официјално потврди дека најдобриот фудбалер во неговиот тим, Лука Модриќ ќе биде 100% подготвен за денешниот дуел против репрезентацијата на Камерун.

“Лука ќе биде 100% подготвен за дуелот против Камерун. Во последните два дена тренира со полн интензитет и не чуствува никаква болка. Гарантирам дека ќе биде 100% поготвен за дуелот против Мексико. Знаеме колку е важен овој натпревар. Тука сме за да играме фудбал, за да ги освоиме сите три бода. Целосно сме фокусирани на новиот предизвик, целосно сме фокусирани на трите бода. Иста обврска имаат и репрезентативците на Камерун, мораат да победат по секоја цена. Само така ќе останат во игра за 1/8 финалната рунда. Точно дека сега ни одговара и натпревар без победник, но ние мора да го наметнеме нашиот стил на игра, мора да победиме”, изјави Ковач.