
СДСМ испрати реакција на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ во кое премиерот Груевски го покани на средба во петок претседателот на СДСМ, Зоран Заев, бидејќи како што стои во истото ВМРО – ДПМНЕ секогаш е подготвена да направи се во интерес на граѓаните и државата.
Во реакцијата на СДСМ се наведува дека:
„Денешните потези на ВМРО-ДПМНЕ покажуваат дека оваа партија единствено знае да реагира под притисок“ и дека Заев ја прифаќа понудата за средба на Груевски.