Отровни змии во кампот на Германците

Војската во Бразил започна акција за расчистување на базта на германската фудбалска репрезентација од отровни змии. Биндестимот престојува во новоизградениот комплекс “Кампо Бахија” во Санто Андре на атланското крајбрежје. Оваа област е полна со вакви влечуги и тешко е истите да бидат држени на растојание Германците не спијат во хотел, туку во оделни куќи од затворен тип. Затоа околу нив патролираат униформирани лица кои се грижат да не бидат изненадени од отровни змии.

“Тоа се мерки на претпазливост , зашто овие живони се многу опасни”, изјави еден од војниците за “Билд”
Тимот на Јоаким Лев веќе одигра еден натпревар на Мундијалот против Португалија и славеше со 4:0, додека вториот го игра против Гана .