
Ретко торнадо го зафати источен Истанбул вчера, 19 јуни, како последен пример за исклучителни временски услови.
Силен дожд и ветер го променија животот на граѓаните во вечерните часови, а властите предупредија дека 50 литри на метар квадратен дожд биле очекувани.
Торнадото помина на Мраморното море, помина низ областите на Пендик и Тузла во источен Истанбул и стигна до провинцијата Кочели. Фотографии од торнадото се проширија низ социјалните мрежи во Турција, пишува „Хуриет дејли њуз“.