
По пауза од 11 години, искусниот играч за врска од редовите на италијанскиот калчо гигант Милан, Рикардо Кака, повторно ќе го облече дресот на матичниот клуб Сао Пауло.
Бразилските медиуми пред неколку часа ја пласираа информацијата дека Кака постигнал договор со челниците на бразилскиот клуб, но дресот на Сао Пауло ќе го носи само во следните шест месеци.
На почетокот од месец март, Кака ќе се пресели во САД каде ќе настапува за новиот американски прволигаш Орландо.
Задоволство од трансферот на Кака, демонстрираа и раководните лица на италијанскиот калчо гигант кои се ослободија од уште еден ветеран во нивниот тим и од уште еден фудбалер кој има годишна плата од 5 милиони евра.