
Поранешниот словенечки премиер и лидер на опозициската Словенечк демократска партија, Јанез Јанша денеска оди во затвор.
Јанша е осуден на казна затвор од две години поради земање поткуп во случајот „Патрија“.
Неговите приврзаници ќе го испратат до затворот, а медиумите јавуваат дека испраќањето го организирал поранешниот шеф на воената разузнавачка служба, Дамир Чрнчец.