
Изминатава недела екипите на Град Скопје уредија дел од зеленилото на булеварот Видое Смилевски Бато во Аеродром, кое е со вкупна површина од 2.200 квадратни метри.
Откако се изврши прекопување на земјата и се постави систем за автоматско наводнување на зеленилото со 25 прскалки и тајмери, се израмни површината и се насеа трева.
Во текот на наредната недела ќе се уредува и зеленилото пред објектот на поштата на булеварот Видое Смилевски Бато.
На уредувањето на зеленилото работеа екипи на ЈП „Паркови и зеленило“.