
Штип беше домаќин на јавната расправа по Нацрт извештајот за стратегиска оценка на животната средина од спроведувањето на регионалниот план за управување со отпад во Источно-планскиот регион (ИПР).Градоначалникот на Штип, пИлчо Захариев истакна дека овој проект што се финансира преку ИПА програмата на ЕУ е вреден 50 милиони евра и се однесува за 11 општини од ИПР вклучувајќи го и Свети Николе.
„Заштитата на животната средина е пресудна за здравјето на луѓето и живиот свет. Јавната расправа ќе покаже кое решение е најприфатливо за ИПР, за да има најсоодветна депонија за регионот. Локацијата не е толку важна колку што е важно да имаме здрава средина. Тука со нас е тим лидерот од Кипар каде постои современ начин на справување со отпадот. Планетата земја е една и единствена и затоа треба да ја чуваме,“ изјави во своето обраќање градоначалникот Захариев.
Теофонис Лолос од Кипар кој е координатор на овој меѓународен проект рече дека истиот веќе е во завршна фаза и сега бил процесот на јавна расправа која треба да одговори на прашањето која варијанта е најдобра за ИПР во врска со справувањето со отпадот, односно да се избере најсоодветното решение кое ќе биде прифатливо и за ЕУ.