
Русија упати остра критика до најавата за прекин на огнот од страна на украинскот претседател Петро Порошенко.
Се работи за ултиматум до проруските сили на југоистокот на Украина да го предадат оружјето – оцени Москва.
Порошенко вчера најави прекин на воените акции до 27 јуни.
– Тоа е повеќе од доволно да почне процесот на разоружување и да почне да се воспоставува тампон зона долж границата со Русија – рече тој.