
Поплавите предизвикани од поројните дождови во Бугарија однесоа најмалку 11 животи и целосно го потопија и бугарскиот манастир „Света Богородица“.
Борбата за спасување на манастирот ја води 80 годишна старица.
По поројните дождови, водата достигнала над 2,5 метри. Од Стихијата се уриваат ѕидовите, а во моментов калта е до колена. Чешмата е преплавена, клупите и асфалтот се оштетени, саксии со цвеќиња се уништени, насекаде има разнишани врати и паднати гранки. На дрвјата и грмушките во дворот има заглавени ќебиња, килими и перници, пишуваат, бугарските медиуми. За иронијата да биде поголема во манастирот има само 80 годишна старица која се грижи за објектот. Бара помош да се спаси манастирот, кој се урива од поплавите.