
Селекторот на Италија, Чезаре Прандели не побара никаков изговор или некакво алиби за срамниот пораз од репрезентацијата на Костарика и вината за големиот кикс ја побара во сопствените редови, кај своите фудбалери.
“Италија заслужено е поразена, но нема место за паника. Ќе се рехабилитираме од овој непрјатен пораз, ќе бидеме подготвени за најважниот натпревар во групната фаза. Костарика одигра поагресивно, одигра со страст, со желба за победа. Заслужено ги освоија сите три бода. Моите фудбалери дадоа се од себе, колку што можеа на ваквите временски услови. Имавме план, но Костарика ги затвори сите приоди до сопствениот гол, одигра агресивно на нашата половина. Знаевме дека сме дел од една многу тешка група и дека последниот натпевар ќе се покаже како пресуден за нашиот палсман во следната рунда”, изјави предводникот на “азурите”.