
Првиот напаѓач на Франција, бомбардерот на лондонскиот премиерлигаш Арсенал, Оливие Жиру на дуелот против репрезентацијата на Швајцарија го постигна својот прв мундијалски погодок во кариерата.
„За мене е чест да играм за оваа фантастична репрезентација. Ме радува што сите го даваме максимумот, се надополнуваме кога е потребно и тоа носи резултат. Горд сум на досега постигнатото и се надевам дека ќе продолжиме во ист стил и на следните натпреври во Бразил“, изјави Жиру.