Меси е новиот херој на Аргентина

Благодарение на прекрасниот погодок на Лионел Меси, постигнат во судиското продолжение, репрезентацијата на Аргентина забележа минимална победа во дуелот против одличниот тим на Иран и обезбеди пласман во 1/8 финалната рунда.

“Кога го имате Меси, се е возможно, до последниот судиски свиреж можете да се надевате на некој магичен потег како овој денешниот. Тој е неверојатен фудбалер, на овој натпревар само го докажа сето она што сите добро го знаат за него. Навистина се мачевме да го скршиме отпорот на противникот, во првото полувреме имавме одлични шанси, а во вториот дел и Иран ни создаде доста проблеми со противнападите. Сепак, се бројат победите, а за нас најзначајно е што стигнавме до вториот триумф во нашиот втор натпревар на мундијалот”, изјави по натпреварот селекторот на Аргентина, Алехандро Сабела.