Европскиот парламент ќе ги разгледува извештаите од изборите во Македонија

Денеска во Стразбур започнува редовното летна заседание на Парламентот на Советот на Европа во кое е предвидено избор на Генрален секретар, како и избор на судија во Европскиот суд за човекови права.

Парламентарното собрание во текот на заседание ќе ги разгледа извештаите на надгледувачките мисии за претседателските и парламентарните избори во Македонија, како и за предвремените претседателски избори во Украина, соопштено е од парламентот на Босна и Херцеговина.

Во дебатниот дел ќе се расправа и за прашањата за илегалните мигранти од државите од јужниот Медитеран, како и нивната интеграција во европското општество.

Предвидена е и расправа за кривичното законодавство прилагодено на малолетниците, за идентитетот и различностите во мултикултурните општства, како и предизвиците со кои се соочува европската администрација, како Развојната банка на Советот на Европа.

Дел од расправата ќе биде посветен на соочувањето со предизвиците на Европската Унија, како и допринесувањето на парламентот во конфликтот во западна Сахара.

На дневен ред е ставена и расправата за насилството во медиумите, како и низ медиумите.

Во среда на 25 јуни во Стразбур ќе се одржи и свечена церемонија со која ќе се одбележат 100 години од почетокот на Првата светска војна.