
Непознат сторител, вчера во селото Бардовци влегол во куќата на С.Д.(48) и украл пиштол „зборевка“ калибар 9 мм. (за којшто оштетениот поседувал одобрение), две празни рамки и пакување со 25 куршуми, разновиден златен накит, денари и девизи се заедно во вкупна вредност од околу 350.000 денари.
Полицијата презема мерки за откривање на сторителот.