Плажата Банана на Скијатос

Секој млад и енергичен посетител на Скијатос нема да ја пропушти шансата да ја посети една од најпрочуените плажи на островот – прекрасната Банана.

Плaжата Банана се наоѓа на спротивната страна на островот од главниот град Скијатос. До таму се стигнува со одличниот јавен превоз, до последната станица со број 26 (кај плажата Кукунариес), по што ви претстојат 300-400 метри пешачење, коешто дефинитивно ќе се исплати штом ќе стапнете на ситниот песок на неверојатната плажа.

Банана е плажа главно ориентирана кон младите туристи и сосема е логично што оттаму во текот на целиот ден ечи гласна музика и се организираат забави со различна тематика. Кога на тоа ќе ги придодадете прекрасната вода, одличната песочна подлога и неверојатните борови шуми во позадината, брзо ќе сфатите зошто воопшто сте тргнале кон прекрасната плажа.

Iguana-Tours

А можеби највозбудливиот дел од плажата е малото ридче што го разделува заливот на два дела – голема Банана која што е вообичаена плажа и мала Банана којашто всушност претставува нудистичка плажа, погодна за оние со поавантуристички дух.