Роналдо разочаран од Португалија

Најголемата ѕвезда во репрезентативниот дрес на Португалија, најдобриот фудбалер на денешницата, Кристијано Роналдо, ги разочара најверните фанови со изјавата дека во нити еден момент не помислил дека неговата репрезентација може да ја освои светска круна на Мундијалот во Бразил.

„Можеби, овој тим на Португалија е само просечен тим. Ќе излажам ако кажам дека овој тим е светска класа. Имаме големи проблеми од самиот старт на мундијалот. Постојано некој се жали на повреда, Пепе доби црвен картон на првиот натпревар, Коентрао е посериозно повреде. Португалија има свој лимит, кој е уште помал после овие непријатни ситуации. Оваа игра не е доволна за да се победат најдобрите репрезентации во Бразил. Јас не верувам во некакво чудо. Играме во една тешка група, против противници кои најверојатно се подобри од нас. Во ниту еден момент не помислив дека Португалија може да биде новиот светски шампион”, изјави Роналдо.