
Албанија доби кандидатски статус за членство во ЕУ.
Комесарот за проширување на Европската унија, Штефан Филе, предмалку на својот профил на социјалната мрежа “Твитер” му честиташе на нашиот западен за добиениот кандидатски статус, посочувајќи дека тоа се должи на “реформските напори”.
– Албанија: честитки за кандидатскиот статус, кој денеска го договорија министрите за надворешни работи на ЕУ-земјите. Ова е признание за реформските напори и охрабрување за повеќе – напиша Филе на “Твитер”.
Сепак, за оваа земја да ги почне официјалните преговори за членство, потребно е најпрво да добие таква препорака од Европската комисија во рамки на прогрес-извештајот кој ќе се објави во октомври, а потоа и Европскиот совет на Самитот во декември да даде дозвола за истото. Во случајот со Република Македонија, земјата веќе деветта година е кандидат за членство и има добиено пет позитивни препоркаи од Еврокомисијата за почеток на пристапните преговори, но поради грчкото вето на Самитот на Советот, а поради наметнатиот спор за името на земјата, официјалните преговори уште не се започнати.