
И најквалитетното од Африка, репрезентацијата на Брегот на Слоновата Коска е на само пола чекор од толку посакуваниот пласман во 1/8 финалната рунда.
Втората позиција во групата „Ц” ќе стане реалност за избраниците на Сабри Ламуши доколку истите освојат најмалку еден бод во дуелот против директниот ривал, репрезентацијата на Грција која и понатаму има реални шанси за пласман во следната рунда.
„Очекувам многу тежок натпревар, не толку убав за око. Точно дека ние сме во една подобра ситуација, точно дека ние е потребен и еден бод, но Грција нема да се предаде без борба. Против Јапонија играа со играч помалку 55 минути и не примија ниту еден погодок. Тоа е доволен доказ дека одбраната им е најсилното оружје. Не смеем да се повлечиме на нашата половина, не смееме да играме на реми. Потребна е победа, но мора да бидеме сконцентрирани во сите 90 минути. Немаме право на ниту една грешка”, изјави пред натпреварот селекторот на Брегот на Слоновата Коска, Сабри Ламуши.