
Солза Грчева и Роза Топузова Каревска станаа мета на критики, навреди и омаловажувања откако одлучија да седнат на пратеничките столчиња. Раководството на СДСМ на чело со Зоран Заев и Радмила Шеќеринска се почувствува извисено што овие пратенички избраа да си ја работат работата наместо да и наштетат на државата, пишува порталот „Курир“.
Грчева и Топузова Каревска буквално беа распнати од социјалдемократите и од медиумите под нивна контрола.
Она што е најстрашно е што овие политичарки почнаа да се соочуваат со закани од оние кои му го штитат грбот на Зоран Заев. Вперениот прст кон нив и недоличните напади, ги уплашија и нивните семејства. Сега тие се загрижени и уплашени за следните потези насочени кон Грчева и Топузова Каревска.
Ваквото однесување на СДСМ, не е за прв пат. Изминативе години секој кој си дозволи да го крене гласот против Црвенковски, па кон неговиот наследник Заев, беше прогласен за предавник, избркан од партијата, па соочен со бројни критики и закани.
Партијата која со години не може да ја добие довербата од граѓаните и останува во опозицијата, на ваков начин ја покажува својата дволичност.
СДСМ со години критикува дека во земјава нема демократија, а во сопствените редови покажаа најголема недемократија.
Под раководствена палка на СДСМ, се добија гневни и срамни реакции од луѓето кои лажно се борат за наводна демократија. СДСМ по којзнае кој пат вака дрско го прикажа своето вистинско лице.
Грчева и Топузова Каревска беа политичарки во кои СДСМ имаше доверба и ги постави на пратеничките листи. На истите оние листи каде Заев и Шекеринска немаа храброст да се појават.
Сега медиумите под контрола на партијата од Бихаќка, почнаа да им го прелистуваат имотот, да ги прикажуваат како богаташи желни за пари, предавници и лоши сопартијци и политичарки.