
Вечерва на плоштадот „Филип Втори“ ќе биде одржан концерт на воените оркестри на АРМ и Вооружените сили на Турција.
Концертот претставува прв од ваков вид и се реализира како резултат на одличната долгогодишна соработка помеѓу АРМ и ВС на Република Турција.
Граѓаните ќе имаат можност да проследат композиции од репертоарите на двата оркестри. Со програмата, предвидено е воениот оркестар на АРМ да изведе композиции од репертоарот на гостите од Турција, а воениот оркестар од ВС на Република Турција, да изведе композиции од македонски автори. Најатрактивниот дел од концертот се очекува да биде заедничкиот настап на двата оркестри со изведба на нумери, посебно компонирани за оваа прилика.
Концертот на двата оркестри e редок и несекојдневен настан, кој претставува уште еден поттик за понатамошно јакнење на соработката помеѓу АРМ и ВС на Република Турција.