
Успехот на Италија во денешниот дерби натпревар против директниот ривал за втората позиција во групата “Д”, репрезентацијата на Уругвај, во голема мера ќе зависи од играта и од расположението на искусниот играч за врска, Андреа Пирло.
Моторот на италијанската репрезентација призна дека е малку загрижен поради лошите временски услови кои повеќе и одговараат на репрезентацијата на Уругвај.
“На репрезентациите кои доаѓаат од Европа им е многу тешко да играат во такви услови. Тоа е слично кога Бразил и Аргентина гостуваат во Боливија на надморска височина од 3.600 метри. Веќе неколку европски претставници се елиминирани, а други се на тој пат. А сетете се на последното Светско првенство во Германија. Таму сите четири полуфиналисти беа од Европа. Мислевме дека од Манаус нема полошо, се додека не стигнавме во Ресифе. Таму беше вистински пекол. И во Натал ќе биде исто”, изјави Андреа Пирло.
Италија ќе избори пласман во 1/8 финалната рунда и доколку дуелот против Уругвај заврши без победник.